Македонија
9. јуни 2025 - 14:07

Скопјанец приведен за семејно насилство

На 08.06.2025 во 20.30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје, со наредба од Основен кривичен суд Скопје го лишиле од слобода А.Р.(29) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга, при што употребил и тврд предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.