Скопје во знакот на боксот: Јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“

Скопје повторно ќе биде средиште на меѓународниот бокс!
Од 13 до 15 ноември 2026 година, во спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, ќе се одржи јубилејното 55. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, во организација на Македонската боксерска федерација.
Годинава се очекува учество на 17 држави, а меѓу најавените се Албанија, Австрија, Белгија, Белорусија, Бугарија, Косово, Литванија, Молдавија, Словенија, Србија, Турција, Украина, Унгарија, Хрватска и Шпанија, покрај домашните претставници.
Јубилејното издание ќе ги обедини боксерите и боксерките во елитна конкуренција, продолжувајќи ја богатата традиција на „Златен гонг“ — турнир што со децении носи врвен бокс, спортско пријателство и незаборавни моменти за публиката.
Програма на натпреварите:
13 ноември (петок), 14:00 часот – четвртфинални борби;
14 ноември (сабота), 14:00 часот – полуфинални борби;
15 ноември (недела), 17:00 часот – финални борби.
Македонската боксерска федерација ги повикува љубителите на спортот да бидат дел од овој значаен јубилеј, да ги поддржат македонските репрезентативци и да уживаат во три дена исполнети со возбудливи боксерски пресметки.
Да ја продолжиме традицијата заедно — се гледаме на „Златен гонг“!
Ново на Сител
-

Ива Михаилова избегала од државата по козји патеки?!
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ бара утре да продолжи надзoрната расправа за Aлта банка
-

СДСМ поднесе кривична против гувернерот за Алта банка
-

Новата шефица на ОЈО ГОКК најавува поефикасен прогон, Алта банка е меѓу темите што се следат
-

Радев: Проблемите на Бугарите во Mакедонија се влошуваат
