Скопските поликлиники добија кабинет за страбизам
Отворен кабинет за страбизам во Поликлиниката Букурешт. Децата кои имаат нарушување на видот навремена дијагностика и третман ќе добиваат во новата ординација, прва на секундарно ниво во Скопје и нема потреба да одат на Клиника. Годишно во земјава се регистрираат околу 1700 пациенти со разрокост.
- За страбизмот е важно колку порано се дијагностицира и се почне со соодветен третман, може да даде одлични резултати. Постојат повеќе причини за појава на страбизам, меѓутоа најважно е раното дијагностицирање и најчесто родителите, децата ги носат по втората до шестата година. Затоа е важно што оваа услуга сега ќе ја добиваат на задолжителните систематски прегледи, рече д-р Татјана Баевска Вучковиќ, директор на Здравствен дом Скопје.
Овој кабинет е 24 по ред кој се отвара во Здравствен дом Скопје.
- Ако минатата година во првите шест месеци 30.700 пациенти биле упатени од секундарно на терцијарно ниво, годинава тој број е 14.500, што значи дека за повеќе од двојно е намален бројот на пациенти кои дошле во Здравствен дом Скопје, побарале здравствена услуга и биле потоа препратени на терцијарно ниво. Бројот на услуги што ги дава Здравствен дом Скопје од година во година се повеќе расте. Ако во 2011 година имало 388 илјади услуги, годинава таа бројка ќе биде околу 500 илјади, што значи дека граѓаните се повеќе му веруваат на јавното здравство и се повеќе услуги бараат и добиваат во јавното здравство, рече Никола Тодоров, министер за здравство.
Во новоотворениот кабинет за страбизам годишно ќе работи докторка преземена од приватното здравство, која заедно со сестрата биле на обука во странство. Закажувањата ќе одат преку Мој термин, а годишно ќе се третираат околу 1500 пациенти.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
