Македонија
14. February 2022 - 16:34

Скопско средно училиште под клуч зашто нема греење откако скокна цената на гасот

Средното училиште „Здравко Цветковски“ во Скопје остана без затоплување. Учениците преминаа на онлајн настава од минатата недела бидејќи во зградата нема услови за настава. За проблемот јави советот на родители на средношколците од гимназијата МИГ која е сместена во кругот на ГУЦ.

Реагираат бидејќи оваа државна математичко информативна гимназија која функционира две години, е сместена во одделени простории и според нив би требало да се најде решение за наставата да се одвива непречено со физичко присуство. Во прашање се пет класа од прва и втора година. Токму овој период учениците се подготвувале за натпревари и доколку продолжат со онлајн настава тоа може да влијае на нивните резултати. Родителите посочија и проблеми поврзани со наставниот кадар поради што бараат средба со министерот за образование.

Министерот вели во тек се разговори ова  училиштето да се префрли на градското парно.

Слични проблеми со затоплување во други училишта нема вели министерот кој во петокот одржал состанок со сите градоначалници. Комбинирана настава има во две училишта во Прилеп поради градежни работи во училиштатата кои треба да бидат завршени следната недела.