Словенија ги проширува граничните контроли со Хрватска и Унгарија

Словенечката влада ја продолжи привремената контрола на внатрешните граници со Хрватска и Унгарија за уште 12 дена, до 21 декември, со цел спречување на тероризам, екстремизам и прекуграничен криминал, беше соопштено по седницата на Владата.
Љубљана воведе гранична контрола на 21 октомври, откако Италија одлучи да воведе контрола на внатрешната граница со Словенија, наведувајќи ја опасноста од загрозување на јавниот ред и внатрешна безбедност, т.е. зголемен ризик од терористички напади во контекст на ситуацијата на Блискиот Исток и Украина.
Како што неодамна изјави министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар, Словенија планира да ја продолжи граничната контрола за уште шест месеци од 21 декември поради средното ниво на закана од тероризам во Словенија и високото ниво на закана од тероризам во Европската унија.
Владата сега ја продолжува контролата според член 28 од Шенгенскиот акт, која може да се спроведе најмногу два месеца, до 21 декември.
Потоа Словенија би го применила продолжувањето на таа мерка според член 25 и член 27 од Шенген-законик со што се овозможува граничен надзор за шест месеци.
Ново на Сител
-

Ден на пожарникарството во Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
