Loading Video...
Балкан
4. јуни 2026 - 16:30

Без напредок во реформите, бугарските европратеници порачуваат: „Македонија сама си става вето“

Министерот за надворешни работи, Муцунски го оцени извештајот на Вајц како балансиран, со критики, но и со пофалби за напредокот на земјава.

Иако Брисел предупредува дека реформите, особено во судството и борбата против корупцијата, се недоволни, Муцунски тврди дека процесите се во тек. Сепак, признава дека правосудството останува слабата алка, со недоволни резултати, особено во високата корупција.

Во меѓувреме, во извештајот се најде и бугарски амандман за нова меѓувладина комисија помеѓу Македонија и Бугарија. Муцунски повикува на почест дијалог на највисоко ниво со источниот сосед, но обвинува дека проблемот е во Софија која, според него, не го почитува Договорот за добрососедство.

Од Бугарија нема никакво вето, ветото си го става сама Македонија, велат бугарските европратеници. За прв пат во Извештајот се нотирало дека Македонија ја фалсификува бугарската историја.

Повторно има потврда дека нема никаков напредок од последниот извештај за Македонија, изгубена е цела година без никакви реформи за нашата држава, велат од опозициската СДСМ.

Во извештајот на Вајц кој треба да оди на финално гласање во Европскиот парламент,  европратениците нотираат недоволен напредок и предупредуваат дека политичката поларизација ги кочи реформите, повикувајќи на итна меѓупартиска соработка и усвојување на уставните измени за отворање на првиот преговарачки кластер.