-->
-->
Случаен минувач го пронашол застреланиот маж кај Смилковско Езеро, приведено осомничено лице
-->

Полицијата привела едно осомничено лице во врска со убиството на 38-годишен маж кај Смилковското Езеро кај Скопје од изминатиот викенд, кој починал од искрварување по прострелна рана во ногата, дознава „Телма“.
Според достапните податоци од истрагата, снимките од видео-надзорот и системот „Безбеден град“ покажале дека мажот се упатил кон местото на настанот непосредно пред 5:00 часот наутро во саботата, додека неговото тело го забележал случаен минувач во 6:15 часот.
При увидот мобилниот телефон на застреланиот бил пронајден во неговото возило, а смртта настапила како последица на обилно крварење од погодена артерија во ногата, што го оневозможило да побара медицинска помош.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ССМ бара платено отсуство од работа за работничките и работниците кои се жртви на насилство
-

Недостигот на кадар го пополнуваат младите
-

Самит ЕУ - Западен Балкан: За Македонија само повеќе пари
-

Тема на денот со Марко Трошановски, Институт за демократија „Социетас Цивилис“
-

Мицкоски од Брисел: Одбивам разговори за билатерални прашања
-

Протест против насилството и фемицидот: Собранието да го донесе законот до 10 декември
-

На скопската Брза помош и треба итна помош!
-

Надзорна расправа за Алта банка
