Службите можат да здивнат - Само еден активен пожар на Готен
Службите конечно можат да здивдат. Готен денеска е единственото жариште, но под контрола.
Пониските температури и дождот значително помогнаа во гасењето на пожарите. Но место за опуштање нема, вели директорот на ДЗС.
Чешкиот Блек Хок е повлчен во Скопје. На располагање ќе ни остане една недела. Исто толку време во Берово ќе останат и словенечките пожарникари со 18-те специјализирани возила.
Во меѓувреме, во тек е селекцијата на граѓани кои се пријавија да бидат пожарникари – владина мерка за крпење на дупката на немање доволно кадар.
Јули се проценува како еден од најтешките месеци за властите со оглед дека има најмногу пожари на отворен простор. Колку хектари шума изгоре месецов, екипите од Национални шуми допрва ќе проценуваат. Високи температури се очекуваат и во август.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар