Македонија
22. July 2025 - 16:38

Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта

Се гасне на три места во Македонски Брод. Огнените стихии голтаат мешана шума  кај село Грешница, но и деградирана дабова шума помеѓу село Локвица и Крапа. Проблеми на службите им прави и пожарот кој избувна вчера кај село Латово.

Денеска повторно гори и кај прилепско Бешиште. Не мирува ниту пожарот кај Желино. 

Се запали и ниска вегетација кај Демир Капија, блузи тунелите на автопатот Е-75 но службите го изгаснаа овој пожар – потврди градоначалникот за Сител. ЦУК пресмета дека денеска се избувнати 15 пожари, а пет се целосно изгаснати. Бројката на активните пожари и оние под контрола се менуваат постојано, со оглед дека сме сред топлотен бран. 

Се запали и куќа во центарот на Кочани.

Истиот се проширил и до соседната куќа бидејќи се лепенки. Властите не исклучуваат дополнително проширување на огнот. На терен гаснат пет екипи.

Присутни се припадници на МВР и на Итната медицинска помош.