Смртоносен пожар на туристичкиот остров Пукет, 11 загинати и 16 повредени | ВИДЕО

Во пожар што избувнал рано утрово во деловно-станбена зграда на Пукет, популарен туристички остров на југот на Тајланд, загинале 11 лица, а 16 биле повредени, соопшти полицијата за новинската агенција Ројтерс.
Пожарот избувнал во зграда во која се наоѓа агенција за изнајмување возила, по што се проширил и на неколку соседни објекти.
Огнот избувнал околу 3:17 часот по локално време, а на пожарникарите им биле потребни околу два часа за да го стават под контрола, соопштија тајландските власти.
Меѓу повредените има 15 државјани на Тајланд и еден државјанин на Мјанмар. Според полицијата, меѓу загинатите и повредените нема туристи.
Причината за пожарот засега не е позната и е предмет на истрага.
Зградата се наоѓа во урбаниот дел на островот, недалеку од популарната плажа Патонг, на западниот брег на Пукет.
Пожарот се случил четири месеци по пожарот во еден бар во Бангкок, во кој загинале најмалку 27 лица.
Ново на Сител
-

Филипче: Во буџетот нема пари за повисоки плати, државата должи 713 милиони евра, а милијарди троши за камати
-

Во Собранието денеска продолжи комисиската расправа за Буџетот за 2027 година
-

Мицкоски од Брисел: Сакаме предвидлив пат кон Брисел
-

Гаши најавува опозициски прашања без паузи
-

Годинава најмалото предвремено родено бебе во Македонија имало 530 грама – смртноста е намалена
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се сокри на Бихаќка
-

Петрова: Колку што видов никој не и вршел притисок на Михаилова
