Снег во Србија и Црна Гора
Од утрово на Копаоник паѓа слаб снег, а според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод, температурата на планината во седум часот изнесувала нула степени.
Снег има и во Сјеница, додека на Златибор утрово била измерена температура од два степена, а на Црн Врв три.
Планинскиот превој Јабука, кој се наоѓа на висина од 1.250 метри, утрово беше покриен со снег.
„Овој снег не очекувавме, а уште повеќе ни беше изненадување што сè се побелеше како во зимските месеци. Снежинките паѓаат големи, како среде зима“, изјави жител на Јабука.
Поради ниските температури и снегот што паѓа од раните утрински часови во ова гранично село, возачите кои минуваат преку овој планински превој се советуваат да бидат внимателни, особено поради ризикот од мраз.
На другите места во Србија температурите се под 10 степени, освен во Заечар, Неготин и Димитровград каде што се измерени 11 степени.
Во мај снег паѓаше и во Жабљак, има снежна покривка и во Мојковац, додека во останатите делови на Црна Гора времето е значително постудено со врнежи од дожд.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
-

ДСЗИ побара стручна комисија да испита дали починатото новороденче на ГАК било соодветно лекувано
-

Антимигрантската резолуција влезе во Собранието – СДСМ остана надвор
-

„Нова сила“ со стари имиња – Филипче го склопи партиското раководство
-

Македонска делегација во Брисел
