Снегот предизвика колони на патиштата и прекини во авиосообраќајот во Белгија и Холандија

Снегот кој од изминатата ноќ паѓа во Белгија и Холандија создаде снежна покривка со дебелина од неколку сантиметри и предизвика сериозен застој на патните правци во текот на утринскиот шпиц, како и прекини во авиосообраќајот.
Како што јавија белгиските медиуми, на патните правци ширум Белгија се формирани колони возила во должина од околу 800 километри, кои се движат бавно прилагодувајќи ја брзината на условите на патиштата, кои се прекриени со снег и мраз.
Поради снегот откажни се 20 полетувања и 20 слетувања на бриселскиот аеродром „Зевентем“, а повеќе стотици патници ноќта ја минаа во аеродромската зграда.
Аеродромската управа соопшти дека нејзините тимови работат на расчистување на пистите и на авионите од снег и мраз.
Белгискиот Кралски метеоролошки институт утрово прогласи портокаловиот метеоаларм за зимски услови на целата територија на Белгија, предупредувајќи на појава на голомразица под снежните покривки на патиштата, особено во централните и источните делови на земјата.
Според Институтот, во попладневните часови, почнувајќи од запад, снежните врнежи ќе прекинат, но сепак ќе има ниска облачност, што може да резултира со врнежи на смрзнат дожд во некои делови во вечерните часови.
Максималните температури ќе се движат од минус 5 до околу 5 степени, а се очекува и умерен до засилен ветер со налети и до 65 километри на час.
Белгиските медиуми јавија и дека проблеми со одвивањето на сообраќајот се бележат и во Холандија, каде покрај застоите на патните правци, регистрирани и се откажувања возови, а во некои градови не сообраќаат автобусите на јавниот превоз.
На амстердамскиот аеродром Схипхол се откажани најмалку 800 летови предвидени за минатата ноќ и денеска, поради што над илјада патници ја минале ноќта во аеродромскиот комплекс.
И во Холандија е прогласен портокалов метеоаларм, а холандската Влада им препорача на граѓаните да останат да работат од дома доколку е тоа можно.
МИА
Ново на Сител
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
