Со даночно затајување управител и правно лице го оштетиле Буџетот за 8.070.791 денари

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против едно физичко лице – сопственик и управител на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.
Како што УФП соопшти денеска, првопријавениот С.З., во својство на сопственик и управител на второпријавениот правен субјект, свесно и со однапред утврдена намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за правниот субјект, го сторил кривичното дело „Даночно затајување“ на начин што, набавената трговска стока, евидентирана како залиха кај второпријавениот правен субјект заклучно со 31.12.2025 година, во вкупна вредност од 26.085.138 денари, неосновано ја присвоил за себе. Притоа не пресметал, не пријавил и не платил данок на додадена вредност (ДДВ) по даночна стапка од 18 проценти во износ од 4.231.907 денари и ДДВ по даночна стапка од 5 проценти во износ од 128.727 денари, како и не пресметал, не пријавил и не платил данок на личен доход по даночна стапка од 11,11 проценти во износ од 2.898.059 денари.
Дополнително, првопријавениот С.З. не ги признал како приход застарените и ненамирени обврски во вкупен износ од 8.120.980 денари, прикажани во бруто-билансот за 2025 година, иако истите, согласно член 363 од Законот за облигационите односи, застаруваат во рок од три години, а за нив не биле поведени судски постапки за наплата. И покрај тоа што бил должен да поднесе даночен биланс за 2025 година и да ја искаже даночната обврска, првопријавениот воопшто не поднел даночен биланс, ниту пресметал, пријавил и платил данок на добивка по даночна стапка од 10% во износ од 812.098 денари.
- Со наведените дејствија, пријавените не ги пресметале, не ги пријавиле и не ги уплатиле законски утврдените даночни обврски, со што го оштетиле Буџетот на Република Северна Македонија за вкупен износ од 8.070.791 денари - се вели во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар
-

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел
-

Приведен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат со 211 км/чaс | ФОТО
-

Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода
-

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат
-

Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање
-

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
