Loading Video...
Фудбал
28. April 2022 - 12:28

Со два гола предност Ливерпул ќе патува на реваншот во Вилјареал

Со два гола предност Ливерпул ќе патува на реваншот во Вилјареал во полуфиналната рунда од Лигата на шампионите. 
 
Ова откако англискиот претставник ја искористи предноста на домашниот терен и пред својата публика на „Енфилд“ ја совлада популарната „жолта подморница“ со 2-0. 
 
Двата гола беа постигнати во рок од две минути и тоа откако Еступињан во 52-та си постигна автогол, а Мане во 55-тата беше стрелец на вториот погодок.
 
Реваншот во Вилјареал на програмата е во вторник 
(3 мај), а ден подоцна (среда – 4 мај) во Мадрид ќе се одигра и реваншот меѓу Реал и Манчестер Сити во кој англискиот шампион ќе стартува со предност од 4-3, остварена на првиот натпревар во Англија.