-->
-->
Со хеликоптер на МВР спасена повредена италијанска државјанка од Шар Планина
-->

Полициски службеници од хеликоптерската единица за полициски работи заедно со САЕ Тигар, денеска успешно спасија и евакуираа повредено лице од падините на Шар Планина.
-По добиен повик во претпладневните часови, тим од хеликоптерската единица веднаш полета со тим од САЕ Тигар и успешно го презема повреденото лице, италијанска државјанка во тешки услови од непристапен терен, информираат од МВР.
Во тешки услови и на непристапен терен тие успеале да ја преземат повредената италијанска државјанка, по што со хеликоптер била транспортирана до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде ѝ е укажана медицинска помош.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Се презентираат наодите од обдукциите на жртвите во кочанската дискотека
-

Завршни зборови на судењето против Стојанче Јовановски - се бара максимална казна
-

Филипче: Вајц потврдува дека владата на Мицкоски не сака во ЕУ
-

Одбележан Светскиот ден за безбедност и здравје при работа
-

Сајбер безбедноста ќе донесе поголема заштита за граѓаните и бизнисот
-

Денарот стабилен, довербата расте, депозитите во пораст
-

Преглед на вестите од светот
-

Има ли решение за проблемот со ЕЕС?
