Со хеликоптери се гаси пожарот кај Блаце
Од 5 часот утрово два полициски хеликоптера го гасат пожарот во реонот на Блаце.
До овој момент, како што информира МВР, исфрлени се повеќе од 30 тони вода, а хеликоптерите се уште интервенираат на локацијата.
-Од 5 часот денеска полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, со два хеликоптера на единицата за полициски намени, бел 412 и агуста бел 212, се активни во гасењето на пожарот во реонот на Блаце. До овој момент исфрлени се повеќе од 30 тони вода и се уште активно оперираат, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Оттаму додаваат дека патниот сообраќај до граничниот премин Блаце ноќеска е нормализиран и укината е и забраната за товарните моторни возила и за автобусите. Сообраќајот на оваа делница синоќа поради пожарот над магистралниот пат Скопје – Блаце кај тунелот, беше пренасочен за патнички возила, а беше воведена забрана за товарни моторни возила.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар