Loading Video...
Фудбал
6. November 2020 - 19:58

Со најдобрите во Грузија

Македонската фудбалска репрезентација на 12. Ноември ја очекува историскиот дуел со Грузија во финалето на Лигата на нациите. Селекторот Игор Ангеловски денеска го соопшти списокот на фудбалери за гостувањето  во Тбилиси. 
 
Ангеловски  смета на сите расположиви фудбалери  што значи дека во Грузија ќе истрчаат најдобрите  откако во тимот се врати и Елиф Елмас кој паузираше поради корона вирус. 
Од оние кои досега добија повик ќе отсуствуваат Хасани и Тошевски што значи дека за мечот кој треба да ни обезбеди учество на следното ЕП се повикани. 
ГОЛМАНИ: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар), Даниел Божиновски (Силекс), Мартин Богатинов (Етникос Ахна)
ОДБРАНА: Висар Муслиу (МОЛ Фехервар, Унгарија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Кире Ристевски (Ујпешт, Унгарија), Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон, Португалија), Дарко Велковски (Ријека, Хрватска), Ѓоко Зајков (Шарлроа, Белгија), Езџан Алиоски (Лидс Јунајтед)
СРЕДЕН РЕД: Енис Барди (Леванте, Шпанија), Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Бобан Николов (МОЛ Фехервар, Унгарија), Стефан Спировски (АЕК Ларнака, Кипар), Тихомир Костадинов (Ружомберок)
НАПАД: Горан Пандев (Џенова, Италија), Иван Тричковски (АЕК Ларнака, Кипар), Илија Несторовски (Удинезе, Италија), Александар Трајковски (Мајорка, Шпанија), Крсте Велкоски (Сарајево, БиХ), Влатко Стојановски (Шамбли, Франција)
Сите овие фудбалери покрај за средбата со Грузија ќе бидат во комбинација и за средбите со Естонија и Израел во новото издание од Лигата на нациите.  Официјалниот собир е закажан за во понеделник со првиот тренинг.  Средбата се игра следниот четврток од 18ч.