Македонија
14. April 2022 - 19:51
Со нов план општината спречи сеча на 100 дрва во Аеродром
Со промена на проектот за биде спасен дрворед од 100тина стари дрва, продолжува проширувањето на ул.Васко Карангеловски во Аеродром. Со стариот проект било предвидено сите овие дрва да бидат исечени и покрај реакциите на граѓаните. Сега, локалните власти успеале да ја прошират улицата без да наштетат на зеленилото, и наместо сеча да пресадат неколку стебла во непосредна близина.
Исечени се 10 дрва диво израснати кои не можеле да бидат пресадени поради подземната инсталација. Останатите исечени дрва биле по налог на претходното раководство.
Проширувањето на улицата треба да го растерети сообраќајот во овој дел од општината а реализацијата треба да заврши до 2023. Проектот чини 77.5 милиони денари.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
