Со тупаници нападната скопската градоначалничка Данела Арсовска при увид на дивоградба во Чаир
Со клоци и тупанци физички нападната скопската градоначалничка при увид на дивоградба во скопски Чаир. По речиси три часа Арсовска видно вознемирена го напушти ургентниот центар 8 Септември и во деатли го објасни инцидентот.
Вели дека по нападот добила и закани по нејзиниот и животот на нејзиното семејство, а нападнати биле и советници и вработени во Град Скопје кои ја придружувале.
На местото на инцидентот имало и полициски службеници за кои тврди дека не направиле речиси ништо. Градежниот објект успеале да го напуштат дури откако пристигнала интервентната полиција.
-Најпрво лицето ми се закануваше вербално, не можам да изговорам со какви погрдни зборови ми се обраќаше, велеше ќе ме силува. Потоа пред очите на полицајците ме нападна физички, почна да ме удира со клоци. Тие само го тргнаа и застанаа пред мене и ништо друго не преземаа, дозволуваа толпата да вика и да ги напаѓа луѓето од Градот, да ги удираат со столици, да ги плукаат. Тоа лице кое направило толкава дивоградба пред сите нас се јави на 20 луѓе на високи функции во МВР и им кажуваше што сè ќе ми направел, им викаше дека ќе ме убие, ќе ги ликвидирал еден по еден членовите на моето семејство“, рече Арсовска.
Од МВР потврдија дека работат на расчистување на случајот, до овој момент приведени се две лица со кои се вршат службени разговори во полициска станица.
Нападот врз Арсовска најостро го осудија од СДСМ од каде бараат итна реакција од надлежните инстутуции.
И советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје осудува секаков вид на насилство, притисоци и закани.
Било кое такво однесување е неприфатливо и надвор од здравиот разум. Воедно бараме институциите да го расветлат случајот, се до конечно дознавање на вистината и утрдување на фактите на случајот кој ја разбранува јавноста, стои во нивното писмено соопштение.
Инцидентот следи по повеќемесечниот јавен конфликт помеѓу Арсовска и градоначалникот на Чаир Висар Ганиу, и откако скопската градоначалничка до јавните обвинители поднесе повеќе документи за дивоградби во оваа скопка општина. Арсовска подолг период тврди дека добива и закани по живот.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар