Со зелена енергија против енергетската криза
Преку искористување на обновливите извори на енергија може да се заштеди и до 60 проценти.
Ова го покажуваат искуствата на локалната акциона група Плачковица која реализираше проект со кој четири јавни институции од општините Радовиш, Конче, Карбинци и Штип добија фотоволтаични системи. Корисниците на ваквите системи меѓу кои СОУ Коста Сусинов во Радовиш и општинската зграда во Конче во изминатите неколку месеци значително ги намалиле сметките за потрошена електрична енергија.
Проектот има за цел да се зголеми искористеноста на сончевата енергија, вреден е околу 7.1 милиони денари обезбедени преку Националната програма за рурален развој и општините кои партиципираат во истиот.
Од ЛАГ Плачковица велат дека потенцијалите за реализација на вакви проекти се огромни и затоа треба да се искористат, посебно од страна на јавните институции кои имаат и поголема потрошувачка на електрична енергија.
Според направените проценки и анализи инвестираните средства во вакви проекти ќе се вратат за четири години, додека векот на траење на системите изнесува помеѓу 20 до 25 години.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар