Собир на вработени во РТС: Ако раководството не ни се обрати итно – ќе сметаме дека се повлекле

Собирот на вработени во РТС побара од раководството на јавниот сервис и надлежните служби денеска итно да им се обратат и да дадат јасни насоки за работа за време на блокадата, јави МИА од Белград.
„Доколку никој не ни се обрати во најбрз можен рок, ќе сметаме дека раководството се повлекло и не е во можност да раководи со јавниот медиумски сервис“, се вели во соопштението објавено по состанокот на собирот на вработени.
Се бараат и оставки од сите уредници и новинари кои не ги почитувале законите за медиуми и Кодексот на новинарите „и дозволиле во Дневник 2 и други информативни емисии да се изнесуваат невистини и навреди кон нивните колеги, студенти и други граѓани“.
Друга причина за оставките е „одговорноста кон сите граѓани на Србија, поради тоа што биле изложени на невистинити и цензурирани информации, што не доликуваат на ниту еден јавен сервис“.
„Бараме итна промена на уредувачкиот концепт на информативната програма и професионалното известување на РТС, во согласност со важечките закони и новинарскиот кодекс, што подразбира известување за сите актуелни настани во Србија, кои се од јавен интерес за сите граѓани“, се наведува во заклучоците.
„Поради досегашниот начин на известување на информативната програма, мнозинството вработени во РТС буквално станаа заложници на несовесно и неодговорно малцинство“.
Се потсетува дека поради непријавувањето на студентскиот протест на 15 март, архивата на РТС беше трајно лишена од тој материјал и во иднина ќе мора да ја користи документацијата на другите телевизии.
Последното барање на собирот на вработени во РТС е „веднаш да престане практиката на испраќање новинари и техничари со скратено работно време на ризични задачи, како известување од протести и собири, бидејќи несигурноста на нивната положба апсолутно не дозволува тие да бидат злоупотребени на тој начин“.
Веќе шести ден студенти во блокада и граѓани кои ги поддржуваат продолжија да ги блокираат зградите на Радио телевизија на Србија во центарот на Белград, на улицата Таковска и на Кошутњак.
Голем број студенти од Нови Пазар пристигнаа од синоќа во Белград, а како што соопштија преку социјалните мрежи, таму се да ги наградат своите колеги и граѓани на Србија во блокадата пред РТС, за да можат да го прослават Велигден со своите најблиски.
Блокадите на РТВојводина и РТС започнаа поради начинот на кој јавниот сервис известува за протестите на студентите и за студентските велосипедисти кои возеа до Стразбур. Без оглед на барањата на студентите и тековната блокада, РТС продолжува да ја емитува програмата, но со значителни потешкотии.
Ново на Сител
-

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
-

До крајот на неделата сончево, максималната температура над просекот
-

Затекнати 14 малолетници во локал после полноќ, приведена 45-годишна жена која го изнајмила просторот во Куманово
-

Еден во кома: Неколку млади Белгијци хоспитализирани по пушење е-цигари од „домашно производство“
-

Нормализиран сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум
-

Обвинителството бара постапка против пет малолетници за насилство во училишен двор во Сарај
-

Орбан: Обидот за преземање на замрзнатите руски средства е објава на војна
-

Одбележана 10-годишнина од воведувањето на македонскиот јазик во училиштата во Лесковац
