Собрани три тона отпад во акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“

Во координирана заедничка акција со ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Комунална хигиена“, екипи на Општина Кисела Вода денес спроведоа темелно чистење и уредување на булеварот „Борис Трајковски“.
Активноста се реализираше преку Секторот за месна самоуправа при Општина Кисела Вода, при што се расчистуваше потегот од крстосницата со улицата „Народни херои“ сè до влезот во населбата Драчево.
За ефикасно и брзо завршување на работата, на терен заеднички интервенираа 40 сезонски работници од Општина Кисела Вода, 30 работници од ЈП „Комунална хигиена“ и 20 работници од ЈП „Паркови и зеленило“. Со цел детално расчистување на зеленилото, пешачките патеки и коловозот, ангажираните екипи работеа со повеќе тримери, телескопски пили и дувалки, додека за подигнување на сметот Општината користеше три свои камиони.
Во текот на акцијата од овој потег беа собрани и транспортирани вкупно 3 тона отпад. Ваквите акции, кои имаат за цел одржување на јавната хигиена и заштита на животната средина, ќе продолжат и во наредниот период.
МИА
Ново на Сител
-

ЦДУ на Мерц победи на локалните избори во Долна Саксонија, АфД со голем раст
-

Кејн го постигна својот 150. гол за Баерн
-

ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени
-

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии, ќе се разгледуваат законски измени за рестриктивни мерки, здравство, транспорт
-

ЕП од денеска до четврток на пленарна седница, Урсула фон дер Лајен ќе го одржи своето годишно обраќање за состојбата на ЕУ
-

Брод со мигранти потона кај Грција, 25 лица се водат како исчезнати
-

Цената на нафтата над сто долари за барел поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток
-

Трамп: САД би можеле да останат во Иран и да ја задржат нафтата, како во Венецуела
