Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Пратениците на денешната 100-та седница со 64 гласови „за”,15 „против” го донесоа Законот за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, кој е дел од реформската агенда.
Заменик министерот за правда Ален Дерeбан истакна дека новиот Закон е изработен во транспарентна процедура, вклучени експерти од областа и сите опфатени со неговата примена и е директен одговор на сите детектирани слабости на претходниот закон.
- Законот беше испратен на мислење до Венецијанската комисија и вратен со позитивно мислење. Во него се имплементирани сите препораки на европските тела, истакна Деребан.
Со предложеното законско решение, нагласи, се воведуваат суштински новини насочени кон зајакнување на независноста, професионалноста и транспарентноста во работењето на Советот и на јавното обвинителство во целина.
- Со овој закон значитeлно се зајакнуваат критериумите за избор на членовите на Советот на јавни обвинители, се регулира една транспарентна постапка за избор на членовите на Советот на јавните обвинители, се уредува дисциплинската постапка, постапката за избор на јавните обвинители, се зголемува јавноста и транспарентноста во работата на Советот на јавни обвинители, се уредува постапката по жалба и тужба при постоење на управен спор. Овој закон е реформски и не гледам причина зошто едногласно да не биде усвоен од страна на Собранието, рече Деребан.
За пратеничката од НСДП Соња Мираковска овој закон не претставува реформа, бидеќи, според неа, не ги дава клучните одговори на забелешките од Венецијанска комисија. Осврнувајќи се на дел од амандманите на опозицијата кои не биле прифатени кажа дека ќе гласаат против ова законско решение.
- Овој закон не е реформски. Не дава одговор на нашата задача која ја имаме од страна на Европската унија. Зборувавме многу често дека за една добра реформа не е доволно само јавна расправа на која ние ќе молчиме, а ќе влезат експертите и ќе разговараат. Има потреба од сериозно вклучување на опозицијата, разговор меѓу нас, но тоа не се случи. Ние овој Закон нема да го поддржиме ќе гласаме против, бидејќи сметаме дека ова не дава одговор ова не е реформа, рече Мираковска.
Собранието ги донесе законите за ратификација на Рамковниот договор за воена соработка и соработка во областа на образованието меѓу Владите на Република Северна Македонија и Владата на Република Турција, како и Законот за ратификација на Спогодбата меѓу Република Северна Македонија и Европската инвестициска банка во однос на основањето на претставништвото на Европската инвестициска банка во Северна Македонија.
Пратениците ги прифатија првите читања на предлог на законите за младински додаток, за изменување и дополнување на Законот за индустриски-зелени зони и за основање на Факултет за медицински науки и здравство во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и ги дадоа на натамошно второ читање. Не го усвоија предлог законот за изменување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, поднесен од пратеници на Левица.
МИА
Ново на Сител
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
-

Пехчево: Го затекнала сопругот со 68-годишна жена и ја нападнала, а подоцна тој физички ја нападнал неа
-

Браќа меѓусебно се пријавиле во полиција по физичка пресметка во демиркаписко
-

Жена со тротинет удрила велосипедистка во Скопје и избегала
-

Мост „Генерал Михајло Апостолски“ - се ослободува трасата за конечно ставање во функција, напиша Ѓорѓиевски
