Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
Со 65 гласа „за“ и 14 против Собранието го донесе Дополнетиот ребаланс на Буџетот за оваа година. Според министерката за финансии станува збор за одговорен и развоен буџет кој е одговор на реалните економски предизвици и потребите на граѓаните. Средствата ќе ги насочат во здравството, образованието, социјалата и инфраструктурата. Со ребалансот предвидено е зголемување на платите, пензиите и поддршка за капиталните проекти.
Гласањето следеше по остра расправа, опозицијата смета дека со овој ребаланс се прави предизборен поткуп, не е развоен и социјално одговорен. Од власта возвратија дека со овие средства се финансира развој а не изборна кампања.
Министерката за финансии Димитриеска Кочоска за јавниот долг рече дека е стабилен и под контрола а сите обврски навремено сервисирани. Таа порача дека задолжувањето е одговорно и насочено исклучиво кон развојни проекти.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар