Македонија
15. July 2025 - 21:12

Собранието им го отвори патот на Николов и Ѓурчевски за амбасадори

Нефрологот Игор Николов и поранешнипот конзул во Канада Драган Ѓурчевски го поминаа собранискиот филтер и претседателката Силјановска-Давкова ќе може да ги испрати на амбасадорските позиции во Франција и Хрватска. Пред пратениците во своите дипломатски тези тие ветија подобри билатетрални односи меѓу Скопје Париз и Скопје-Загреб, зголемување на евкономската соработка, културен туризам, но и поддршка на дијаспората во овие две држави. Сепак, за Николов и Ѓурчевски главните дипломатски активности ќе бидат насочени најмногу кон поддршка во евроинтеграциите.

Комисијата за надворешни работи на пленумот му предложи и ратификација на Договорот за стратешка соработка со Унгарија. Иако доби поддршпка сомнеж за вавкиот договор изрази пратеникот Халил Снопче од крилотот на Таравари.

Првиот собрнаиски филтер го помина и ратификаицјата на Договорот на 6-те држави од западен Балкан за меѓусебно признавање на средношколските дипломи со цел продолжување во високо образование.