Собранието ќе ја почне 108-та седница

Собранието денеска треба да ја почне 108-та седница, а потоа да ја продолжи 106-та пленарна седница.
Пратениците треба да гласаат за Дополнетиот предлог на закон за парничната постапка, Предлог на закон за високи раководители, Дополнетиот предлог на закон за користење на енергијата од обновливи извори и Дополнетиот предлог на закон за оружјето, сите во второ читање. На предложениот дневен ред е и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, по скратена постапка. Се очекува дневниот ред за седницата да се дополни.
На 106-та седница на дневен ред се останати измените и дополнувањата на Законот за основното образование,
на Законот за средното образование, на Законот за работно ангажирање на лица, на Законот за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија и на Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите по скратена постапка, како и Предлог на закон за финансиски лизинг, по скратена постапка.
МИА
Ново на Сител
-

Прилеп има градинка, но нема негувателки
-

Штип ги стипендира најуспешните млади ученици спортисти
-

Охрид и Струга со потенцијал за конгресен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Потребни се тешки компромиси за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Ѓорѓи Паскалов, педијатар
-

Три лица осомничени за криминал од 2 милиони евра со регистрација на возила
-

СДСМ: Историско задолжување
