Собранието на Србија продолжува со работа, ќе се бира претседател на Парламентот

Пратениците во Српскиот парламент денеска продолжуваат со работа и треба да го изберат претседателот на Парламентот.
Студенстката листа ќе го кандидира Александар Чупиќ за таа функција.
Дневниот ред на седницата, што е закажана да почне во 10:00 часот, вклучува и избор на потпретседател на Парламентот, назначување генерален секретар, избор на членови на парламентарните тела и постојани парламентарни делегации во меѓународни институции.
Врз основа на резултатите од октомвриските парламентарни избори, вчера беа верификувани мандатите на 250 пратеници, според кои Студентската листа има 140 мандати.
Опозициската коалициска листа „Србија победува“ околу Српската напредна странка има 103 мандати, додека преостанатите седум мандати им припаднаа на малцинските партии.
МИА
Ново на Сител
-

АНБ разоткри терористичка мрежа: Се подготвувал атентат во Грција по инструкции од Иран
-

Костадиновски: Почитувањето на Уставот е чин на највисок патриотизам и љубов кон татковината
-

МВР: Од 15 ноември до 15 март задолжително е поседувањето на зимска опрема во возилата
-

Се урна српски воен авион МиГ-29, загина пилотот | ВИДЕО
-

Предложен притвор за семејно насилство во Битола
-

Најстудено утрово во Берово, најтопло во Охрид и Велес
-

Корабоски доби 30-дневен притвор по проширување на обвинението
-

Николоски од Виена: ЕУ да изнајде решенија за проблемот со превозниците и со извозот на зелената енергија од регионот
