Македонија
28. July 2025 - 21:16

Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски

Интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски нема да пропадне како интерпелацијата на претседателот на Уставниот суд Костадиновски и власта ќе допушти за нејзе да се расправа. Иако интерпелацијата е поднесена од опозициската Левица многу е веројатно таа дури и да помине.

Во февруари Владата  почна постапката за разрешување на Коцевски, но поради трагедијата во Кочани постапката беше прекината, додека не биде завршена истрагата за пожарот.  Сега веќе истрагата е завршена, но премиерот Мицкоски не открива како ќе гласа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за оваа интерепелација.

Неофицијално пак, пратеници од оваа партија иако не откриваат каков ќе биде исходот потврдуваат дека за оваа интерпелаицја ќе има серизна дебата.  Сепак, дека можно е да му се изгласа недоверба на Коцевски најавува колицискиот партнер ЗНАМ.

Опозициската СДСМ нема да ја поддржи интерпелацијата, потврдија од пратеничката група за Сител. Став засега немаат и во ДУИ.

Според Левица Коцевски слективно ја водел истрагата за Кочани, непостапил по службена должност за дивоградбите во Чаир, придонел за хаос во Вишото јавно обивнителство, а го обвинуваат и з аполитичко влијание.

Обвинителот Коцевски денеска не одговори на Сител дали ќе се појави на седницата и ќе го искористи своето право да одговара на прозивките на пратениците. Тој нема одговор и за тоа дали ако му биде изгласана недоверба сам ќе си поднесе оставка или пак, ќе го следи примерот на членовите на Судскиот совет и ќе остане на функција.

Тој претходно јавно ги отфрли наводите во интерпелацијата тврдејќи дека функцијата ја вршел чесно и одговорно. Интерпелацијата како „политички“ чин. Коцевски беше избран за државен јавен обвинител во февруари 2024 година.