-->
-->
Собраниска делегација ќе положи цвеќе по повод 81 година од ослободувањето на Скопје
-->

Градот Скопје денеска одбележува 81 година од ослободувањето во Втората светска војна.
По тој повод собраниска делегација предводена од потпретседателката Весна Бендевска, во чиј состав се Сергеј Попов, Малиша Станковиќ, Славјанка Петровска и Реџеп Исмаил ќе положи цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на великаните на градските гробишта, на гробот на генералот Михајло Апостолски и на споменикот на ослободителите на Скопје пред зградата на Владата.
На 13 ноември пред 81 години борците од 42-та и 50-та дивизија на Народноослободителната македонска војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ДУИ победи во Гостивар и Врапчиште, ВМРО-ДПМНЕ во Маврово Ростуше и ДПТМ во Центар Жупа
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

ДИК бележи намалена излезност
-

Повторени избори во 4 општини
-

Излезноста до 18:30 e 28.07%
-

Повторени избори во 4 општини
-

ДИК бележи намалена излезност
-

МВР нема регистрирано инциденти
