Солопатување: Добри и лоши страни

Солопатувањето е сè попопуларно во светот, па затоа поранешниот фоторепортер Ли Томпсон, кој посетил повеќе од 100 земји низ целиот свет, објаснува дека ваквиот начин на патување и одмор може да биде и еден од „подруштвените“ видови патувања.
Безбедноста е, можеби, најголема грижа за многу од луѓето кои се решаваат да патуваат сами со себе, но дури и најхрабрите авантуристи може да се соочат и со друг проблем - осаменоста. Ли го споделува своето искуство, откако го обиколил речиси целиот свет, па сепак, вели дека, токму во туѓите земји и култури, стекнал пријатели за цел живот.
За оние луѓе кои ќе се одлучуваат за солопатување, неговиот прв совет гласи: Вклучете се во локалниот живот на местото што го посетувате.
-Важно е да бидете отворени и љубопитни за новите можности што се јавуваат и кажете: „Да“ на поканите, дури и ако се чувствувате срамежливо. Вклучувањето може да биде одличен начин да запознаете нови луѓе додека патувате сам или сама, особено во големите градови. Јас лесно се спријателив со уличен музичар во паркот, на пр., или со лице кое се согласи да игра случајна игра „Пиклбол“ со мене, раскажува Ли.
Тој особено препорачува активно учество на настаните во локалната заедница каде што соло патникот ќе се најде.
-Така, тоа ќе Ви помогне да запознавате луѓе во опуштена атмосфера. Малку пребарување на интернет ќе Ви отвори цел свет на настани, каде и да патувате. Сè што треба да направите е да ги пронајдете луѓето што одговараат на Вашите интереси и вредности, тврди тој.
Можеби една од најголемите грешки што се прават на солопатувањата, според Томпсон, е минувањето многу време пред телефон, на пр., во авион или воз, наместо разговор со другите патници.
-Некои од моите најдобри патнички пријателства се случија за време на бескрајните патувања до случајни места, гледајќи низ прозорецот или пиејќи со странци... Сега имам повеќе можности за поврзување од кога било при групни патувања... Да се биде на ново место со луѓе на слична возраст и интереси - значи дека темелите за пријателство се веќе поставени. Со неколку заеднички активности, поврзувањето е доста убаво, објасни тој.
Следен совет: Го правите првиот чекор за разговор со туѓинец, т.е. преземате иницијатива, но ако некој не Ви возврати - не го сфаќајте тоа лично.
-Jас еднаш минав цел ден во Њујорк прашувајќи ги туѓинците, дали сакаат да ми бидат пријатели - како еден социјален експеримент. Знам какво е чувството на отфрлање, но научив дека искреноста дава резултати. Кога ќе се отворите кон другите како солопатник, наградите ќе дојдат. Порано или подоцна ќе сретнете луѓе со кои ќе може да разговарате цела ноќ и ќе се чувствувате како да ги познавате отсекогаш, рече тој.
Ново на Сител
-

Приведени седум лица за обидот за опожарување на верскиот објект на Еврејската заедница во Скопје
-

Анализа: Платите на директорите на најголемите фирми во светот лани растеле 20 пати побрзо од платите на работниците
-

Претрес во скопско, пронајдена дрога, приведено едно лице | ФОТО
-

ЛЕ: Гол предност за Нотингем Форест и Брага
-

Сиљановска-Давкова: Да градиме општество во кое трудот се цени и вреднува, а социјално-економските права се остваруваат
-

Американските власти објавија видеоснимка од нападот на гала-вечерата со Трамп во Вашингтон
-

Приведен прилепчанец за измама од над 88.000 евра – лажно ветувал лекување во странство
-

Возило излетало од автопатот Скопје–Велес, шест лица извлечени без животна опасност
