Македонија
2. July 2025 - 8:25

Сончево и топло до 38 степени

Претстои период на сончево и топло време со постепен пораст на дневните температури, особено од четврток до средината на наредната седмица, кога дневните температури на места ќе надминат и 40 степени.

Сончево со мала до умерена локална облачност – вакво време најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималните температури ќе се движат во интервал од 11 до 20 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 28 до 38 степени.

Времето во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурите ќе бидат од минимални 20 до максимални 38 степени.

УХМР информира дека претстои период на сончево и топло време со постепен пораст на дневните температури, особено од четврток до средината на наредната седмица, кога дневните температури насекаде ќе бидат над 30 Целзиусови степени, а на места ќе надминат и 40 степени.