Македонија
16. јуни 2025 - 7:55

Сончево и топло со мала локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи најави дека во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Од средината на седмицата ќе има зголемена облачност и услови за локална појава на попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи.