Сончево и топло со услови за пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 35 Целзиусови степени.
Во Скопје, исто така, се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за формирање на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, грмежи и можна појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 35 Целзиусови степени.
Според прогнозата на УХМР, времето денеска и утре претпладне ќе биде сончево и многу топло, а во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град. До почетокот на следната седмица, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во четврток и петок ќе дува засилен до силен ветер, претежно од северен правец.
МИА
Ново на Сител
-

Пратениците се вратија од одмор
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче на иста линија со Кина
-

СДСМ: Мицкоски ја задолжува државата
-

Насилството зема замав – неопходно е работа со младите
-

Лозарите во неизвесност, вранецот без сигурен пласман
-

Привршува проценката на штети во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Огнот запрен пред викендичките, битката за Серта продолжува
