Сончево и топло, температура до 35 степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од осум до 15, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, а попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Како што соопшти УХМР, под влијание на топла воздушна маса од југ до крајот на оваа седмица ќе биде многу топло со натамошен пораст на температурите. Денеска во попладневните часови во планинските региони, а в четврток и в петок на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Ново на Сител
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд