Македонија
19. October 2026 - 8:13

Сончево со локална облачност, температурата до 23 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и источните делови.

Минималната температура ќе биде од 1 до 9, а максималната од 16 до 23 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 21 степен.

Според УХМР, во текот на неделата ќе преовладува променливо облачно време.

Во четврток и во петок се очекуваат врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и пообилни.

 

МИА

Ново на Сител