Македонија
17. October 2026 - 13:22

Сончево со мала локална облачност до средината на следната седмица

До средината на следната седмица времето ќе биде сончево со мала локална облачност во текот на денот. Во среда облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време, со краткотрајни сончеви периоди, соопшти УХМР.

Во четврток и петок времето ќе биде претежно облачно со локални врнежи од дожд. Утре и во понеделник ќе дува северен ветер, а од вторник до крајот на работнава седмица ќе дува југоисточен ветер.

 

МИА