Сончево со минусни утрински температури, а преку ден до 15 степени

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
И во наредните денови се очекува претежно сончево и тивко време со дневна температура над просекот за овој период од годината. Во ноќните и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и зголемена облачност.
МИА
Ново на Сител
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
-

ДСЗИ побара стручна комисија да испита дали починатото новороденче на ГАК било соодветно лекувано
-

Антимигрантската резолуција влезе во Собранието – СДСМ остана надвор
-

„Нова сила“ со стари имиња – Филипче го склопи партиското раководство
