„Нова сила“ со стари имиња – Филипче го склопи партиското раководство
Поранешни партиски функционери, екс градоначалници, директори против кои се водат судски постапки, пратеници се освежувањто во СДСМ со кое Венко Филипче ќе ја реформира партијата и ќе води битка за рушење на власта.
По седницата на највисоките партиски органи, одлучено е Александар Саша Димитијевиќ да остане генерален секретар на партијата, а актуелната пратеничка Јована Тренчевска и докторот Александар Трајановски се новите потпретседатели. Љупчо Фармаковски станува организациски секретар на партијата.
Најголемо внимание привлече листата на имиња кои ќе го сочинуваат Извршниот одбор каде влегуваат поранешниот директот на Затворот „Скопје“ Филип Андов, против кој во моментов е обвинет дека ја злоупотребил положбата и овозможувал спровод на осуденици за приватни потреби. Поранешниот претседател на општинската организација Битола, близок до Васко Ковачевски и екс директор на битолскиот затвор Драган Крајовски стана дел од ИО. На листа се и екс градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски и Андреј Жерновски.
По повлекувањето од партијата во март откако беа објавени компромитирачки фотографии, во партиските органи се враќа и Јон Фрчковски
Место има и за оние кои веќе дадоа оставки. Наместо на подпретседателската позиција, Ана Чупеска, сега ќе биде на чело на Советот на партијата...Филипче најави дека ова е новата енергија со која ќе ја движи партијата напред.
Новите имиња на Филипче за ВМРО ДПМНЕ се старите лица на Зоран Заев кои ја доприватизираа СДС, а следниот чекор е стечај на партијата.
Со новото раководство и Антикорупцискиот тим, составен од млади луѓе, истражувачи Филипче најави дека ќе разоткривал корумпираните шеми на актуелната власт.
-
Ивана Соколовиќ Најдовa
Сите содржини од овој новинар
