Сообраќајка помеѓу 4 автобили во Скопје, повредени повеќе лица

На 23.07.2026 во 08:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„8“ во нас.Илинден, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.К.(42) од Илинден, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(18) од Скопје, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.В.(32) од с.Миладиновци, скопско и патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.С.(51) од Скопје, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „тојота“ и неговата сопатничка Р.К.(65) од Скопје, додека со телесни повреди другата сопатничка Т.К.(36) од Скопје, како и возачот на возилото „фолксваген голф“ и неговиот 17-годишен сопатник од Скопје и 32-годишната Н.В. од патничкото возило „цитроен“, констатирани во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ Скопје и Градска општа болница „8 Септември“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
-

ДПТ стана дел од владејачката коалиција
-

ВРЕДИ гледа вмешаност на ДУИ во скандалот на „Ќафасан“
-

Построги правила за студентите во домовите со новиот Закон за студентски стандард
