Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози
Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново кај клучката Градско сообраќајот на автопатот Е-75 од правец на Граничниот премин Богородица кон Табановце ќе биде пренасочен на другата сообраќајна лента.
Пренасочувањето на сообраќајот почнувајќи од денес 23.03.2022 од 14:00ч. ќе трае во следните 3(три) дена.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
На патниот правец А2 Свети Николе - Миладиновци на 10 км пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење.
Патниот правец Охрид - Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови на возила, од 15.11.2021 до 01.04.2022. Од охридска страна, сообраќајот ќе се одвива до месноста Корита.
Ново на Сител
-

Играј online: Лото 7 и Џокер на Државна лотарија
-

Инстант лоз „Златна треска“ на Државна лотарија
-

Ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч пронајдени при претрес во Кавадарци | ФОТО
-

Макрон: Не очекувавме толку масовна мобилизација на протестите на 17 октомври
-

Крис Браун призна вина и избегна затвор во Вeлика Британија
-

Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби при даночните контроли на „Пулс” и поврзаните фирми
-

Температури под нулата утрово на Попова Шапка и во Лазарополе, Берово и Маврови Анови
-

Сиљановска-Давкова: Уставот не е само закон над законите, туку и општествен договор меѓу граѓаните и државата
