Loading Video...
Македонија
22. December 2021 - 16:33

Совеста на граѓаните ќе биде клучна мерка за заштита од Омикрон

Нема дополнителни рестриктивни мерки за празниците. Според министерот за здравство во заминување сегашните ограничувања биле добри, а епидемиолошката состојба стабилна. Намален е и бројот на хоспитализации. Идната недела ќе се затворат Ковид центрите на Кожно и Неврологија, болни со коронавирус на Клинички ќе се примаат само на Инфективна и ТБЦ.

- Не гледам зашто специфично и само за новогодишните празници би правеле некаква рестрикција кога собири сега пред Нова година традиционално има секаде во огромен број луѓе се собираат, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Токму во пресрет на новогодишните празници голем број земји воведоа рестрикции за да спречат ширење на Омикрон. Овој позаразен сој на Ковид се уште не е детектиран во Македонија. Нови анализи на сомнителни примероци ќе се прават идната недела. Здравствените власти акцент ставаат на вакцинацијата, но веќе 3 месеци никако да ги убедат половина од полнолетните граѓани да се имунизираат.

-Сметам дека опфатот кој што според новиот попис веројатно негде помеѓу 50, па дури и 55 проценти ако се исклучат децата, сепак е висок, прилично висок процент. Жал ми е што спласна интересот и нема да достигнеме за кратко време 70 или 80 проценти опфат, рече Филипче.

Филипче рече дека не го познава неговиот наследник Сали, но јавно се понуди да му ги пренесе искуствата пред се во справување со пандемијата која досега зеде близу 8000 животи.