Совети за правилно чистење на бебешките очи

Очите на новороденчињата се особено чувствителни, па затоа е исклучително важно - родителот правилно да се погрижи за нив. Соодветната, внимателна хигиена може да спречи инфекции и да го обезбеди здравјето на чувствителните очи на малото дете.
Бебињата често произведуваат многу слуз во нивните очи, што може да доведе до појава на гној. Иако ова е сосем нормална појава, важно е да знаете како правилно да се исчисти окото за да се спречат можни инфекции и иритација. Кожата околу очите на бебето е тенка, а масно ткиво речиси и да нема, поради што е неопходно да се следат посебни хигиенски навики при чистењето на очите. Следниве совети ќе помогнат за поделотворна и безбедна постапка.
Пред да ги допре очите на бебето, родителот задолжително ги мие рацете со вода и сапун со неутрална пе-Ха вредност. Овој чекор е клучен за да се избегнат какви било несакани бактерии.
Потоа, првиот совет гласи: Не чистете ги очите на малото бебе со раце, памучни брисеви или хартиени крпи, бидејќи тоа може да доведе до иритација. Секогаш се користи стерилна газа - тоа е најбезбедниот избор за нежно чистење, пишува порталот „Кликс“.
Ако забележите дека окото на бебето е покриено со коричка, не обидувајте се со сила да му ги отворите очните капаци. Пред сѐ, прво мора да ги навлажнете овие насобрани вишок материи, за полесно да се отстранат.
Натаму, се натопува стерилна газа со солен раствор. Ако нема солен раствор, може и со зовриена вода, којашто е, исто така, опција за чистење на очите.
Иако камилицата и другите растителни препарати можат да бидат корисни за многу работи, не треба да се користат за чистење бебешки очи, бидејќи не се стерилни, па и самите може да предизвикаат алергиски реакции или инфекции.
Кога се чисти бебешко око, движењата одат од каналот за солзи кон надворешниот агол на окото. На овој начин ќе се спречи враќање на слуз и нечистотии во окото.
Следниот совет: Бебето треба да лежи на грб. Ова е безбедна положба што овозможува полесно и потемелно чистење.
Се препорачува, исто така, очите на бебето да се чистат неколкупати на ден, најпрепорачливо - кога ќе се разбуди или после бањање. На овој начин, бебешкото око секогаш ќе биде чисто и здраво.
Ново на Сител
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
-

Преглед на вестите од светот
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија
