-->
-->
СП 2026: Белгија го победи Нов Зеланд и се пласираше во плејофот како победник во групата
-->

Белгија рано утрово забележа убедлива со 5:1 над Нов Зеланд во 3. коло од групната фаза на Светското првенство 2026.
Леандро Тросард постигна два гола за Белгија. Играчот од средниот ред на Арсенал постигна гол во 28. и 50. минута. Кевин Де Брујне (66), Ромелу Лукаку (86) и Алексис Салемакерс (90+4. минута) исто така постигнаа голови.
Елија Џаст го постигна единствениот гол за Нов Зеланд во 84. минута, негов трет гол на Светското првенство.
На другиот натпревар од последното коло во оваа група, Египет и Иран одиграа нерешено 1:1
Белгија заврши прва во Групата Г со пет бода и се пласираше во плејофот за Светското првенство 2026. Египет е втор исто така со пет бода, Иран има три, Нов Зеланд заврши последен со еден бод и е елиминиран.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

По повеќе од една година во бегство, Перпарим Бајрами сам се предаде на полицијата
-

Во Собранието конференција на тема „Регионална соработка за интеграција во ЕУ“
-

Дејвид Гета го наполни Градскиот стадион во Скопје, илјадници граѓани уживаа во неговите најголеми хитови
-

Отворено 34-то издание на фестивалот „Ристо Шишков“
-

Преглед на вестите од светот
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
