СП 2026: Една жртва во прославата по пласманот на Франција во полуфиналето

Едно лице го загуби животот во северна Франција измината ноќ откако падна од камион за време на славјето по победата на Франција над Мароко (2-0) во четвртфиналето на Светското првенство.
Според медиумските извештаи, 17-годишно девојче починало откако падна од камион на кој се качила за да го прослави пласманот на Франција во полуфиналето.
Девојчето се наоѓало на задниот дел од камионот кога „паднала и била прегазена од возилото“, соопштија од пожарникарската служба, додавајќи оти лицето починала на местото на несреќата.
Француските навивачи, исто така, ја славеа победата на својата репрезентација и во центарот на Лондон, каде се судрија со британската полиција, при што еден полицаец беше повреден, соопштија официјални лица.
Полицијата наведе дека инцидентите се случиле на главната сообраќајница североисточно од Хајд Парк.
На снимките што кружат на социјалните мрежи може да се види како насобраните луѓе фрлаат предмети кон полицајците.
„Еден полицаец е повреден, а четири лица се уапсени по немирите на Еџвер Роуд“, објави лондонската полиција.
MIA
Ново на Сител
-

Уапсени три лица за експлозиите во Солун во кои загина едно лице
-

Безбеден град се воведува и во Дебар
-

Општина Струга подготвува Градска плажа
-

МВР дел од меѓународна операција за сузбивање онлајн-измами и перење пари координирана од Интерпол
-

Андоновски: Реализирано ветувањето за Центар за услуги во Прилеп
-

Син ѝ се заканувал на мајка си во филијала на банка во Неготино и нападнал полициски службеници
-

Во Љубљана протест за излегување на Словенија од НАТО
-

Среде ноќ испразниле цел банкомат во Веро Џамбо | ФОТО
