-->
-->
СП 2026: Ноер се повлекува од репрезентацијата по Мундијалот
-->

Голманот на германската репрезентација објави дека по Мундијалот ќе се повлече од репрезентацијата. Искусниот голман не беше дел од националниот тим за време на квалификациите, но сепак одлучи да брани на Светското првенство.
Ноер бранеше на првиот натпревар против Куросао, а во најавата на натпреварот со Брегот на Слоновата коска најави дека ги игра последните натпревари за репрезентацијата.
Ова е мој последен турнир, не планирам да учествувам и на Европското првенство по две години. Сакам да се радувам на секој натпревар и не размислувам за потенцијално последниот натпревар, изјави Ноер.
Германија во првиот натпревар го совлада Куросао со 7:1, а дуелот со БСК го играат в сабота во Торонто од 22 часот.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Скопјанец управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка дозвола, возилото е одземено
-

Македонските тенисери со трофеј го завршија настапот во конкуренција на двојки на „Neocom open 2026“
-

Без плаќање во готовина од утре во јавниот превоз во општина Кавадарци
-

ЦУК: Попладнево зголемен ризик од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари поради многу висок FWI
-

Гори ниска вегетација, дрва и пченка во Горно Лисиче и депонијата на излезот од Крива Паланка
-

Нема подолги задржувања на граничните премини
-

Сончево и многу топло
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
