СП 2026: Стартуваат четвртфиналните пресметки

До крајот на Светското првенство во фудбал остануваат да се одиграат уште осум натпревари, што значи дека Мундијалот влегува во својата завршница. Со денешниот дуел меѓу Франција и Мароко што се игра во Бостон стартуваат четвртфиналните пресметки. Светскиот првак од 2018 Франција е фаворит во дуелот со Мароко, но токму африканската репрезентација е таа на која и се даваат најмногу шанси за изненадувања. Почетокот на натпреварот е во 22 часот.
Победникот од овој натпревар во полуфиналето ќе игра со поуспешниот од утрешниот натпревар меѓу Шпанија и Белгија што се игра во Лос Анџелес.
Уште една европска пресметка ќе се игра и во Мајами меѓу Норвешка и Англија, а поуспешниот од овој дуел ќе игра со победникот од натпреварот Аргентина – Швајцарија.
Во завршницата меѓу осумте репрезентации има шест од Европа, светскиот првак Аргентина и Мароко како репрезент на Африка.
Полуфиналните натпревари се играат на 14 и 15.јули, дуелот за бронзениот медал е на 18.јули, а финалето ќе се игра на 19.јули на стадионот во Њу Џерси.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Изби пожар на вториот спрат во Болницата „8 септември“ - пациентите евакуирани од Одделот за ортопедија
-

Ново вештачење на судењето за апелациониот судија Ѓоко Ристов
-

МВР со предупредување до родителите: Препознајте ја опасноста од групата „764“ - заштитете ги децата
-

СДСМ поднесе 225 амандмани на буџетот за следната година
-

Левица: Се кратат пари од граѓаните за сметка на парите предвидени за НАТО
-

Одбележан Светскиот ден на детето
-

Законот за плажи до новата туристичка сезона
