Loading Video...
Фудбал
28. јуни 2018 - 18:46
СП Русија: „Мина“ за Сенегал, Колумбија и Јапонија во осминафинале!
Вистинска драма на попладневните дуели на СП во Русија. Пласманот по постигнатите резултати го одлучуваа жолтите картони со што Сенегал се враќа дома а борбите ги продолжуваат Колумбија и Јапонија.
Јапонците загубија со 1-0 од селекцијата на Полска која и покрај загубените шанси одигра мотивирано и славеше прва мундијалска победа во Русија со погодокот на Јан Беднарек во 59-тата минута.
Сенегал сам си ја кроеше судбината но прими гол во 74м. кога Мина одлично скокна и донесе радост за Колумбија која со 6 бода патува во осминафиналето.
Јапонија и Колумбија во осминафиналето ќе играат со Белгија односно Англија кои го решаваат првото место во својата група вечерва.
-

Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
