Loading Video...
Фудбал
3. July 2018 - 17:54
СП Русија: Шведска подобра од Швајцарија
Репрезентацијата на Шведска е новиот учесник во четвртфиналето на СП во Русија.
Викинзите во извонредно борбен натпревар беа поконкретни од противникот и успеаја да слават со 1-0 против селекцијата на Швајцарија со голот на Форсберг кој кон средината на вториот дел успеа со помош на противничките играчи да постигне гол за победа против солидната Швајцарија која во продолжението правеше притисок но не успеа да го избегне поразот.
Во самиот финиш судиите досудија и најстрога казна за „викинзите“ но по прегледувањето на снимката ја сменија одлуката во слободен удар кој Шведска не го искористи но тука беше и крајот на натпреварот.
Швеѓаните во следната фаза ќе играат со победникот од дуелот Англија - Колумбија кој се игра вечерва во 20ч.
-

Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
