Спалети по поразот на Јувентус од Сасуоло: Тргнавме по трите бода и заборавивме на одбраната

Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети, ги искажа впечатоците по поразот од 3:2 од Сасуоло синоќа на гостувањето во четвртото коло од италијанското првенство.
-Боли бидејќи тимот можеше да победи на крајот и заслужи да го сврти натпреварот, но јасно е дека ја изгубивме рамнотежата, а тоа не требаше да се случи. Кога осум играчи тргнаа напред да нападнат, оставивме огромни празнини во одбраната. Тргнавме во финишот по трите бода, домаќинот не казни од транзиција. Мислевме дека можеме да победиме, јас бев тој што инсистирав да нападне, а фудбалерите ме сфатија премногу буквално. Бевме премногу неурамнотежени на крајот, но тоа произлегува од желбата за победа, изјави Спалети.
Јувентус со седум бода од четири натпревари е на 7. место на табелата во Серија А. Во следното коло, на 20 септември Јувентус ќе ја пречека Аталанта.
МИА
Ново на Сител
-

Можна ли е ескалација по пресудата на судот во Хаг?
-

Вучиќ очекува посеопфатна одговорност за злосторствата
-

Тема на денот со Злате Димовски, професор по безбедност
-

Марш на ангелите
-

Вкупно 81 година затвор за поранешното раководство на ОВК, илјадници граѓани револтирани ја дочекаа пресудата
-

Пресудата за четворицата поранешни лидери на ОВК предизвика реакции во регионот
-

Фон дер Лајен: Нови патокази за Западен Балкан, без отстапки од вредностите
-

Савески: Ако има основи, Обвинителството ќе постапува
