Македонија
16. May 2022 - 16:44

СПЦ го прифати канонскиот статус на МПЦ-ОА, но само како најширока можна автономија доделена во 1959 година

Синодот на СПЦ одобри канонско единство со МПЦ. Владиците на вториот ден од Соборот донесоа одлука за најширока можна автономија, која и е доделена 1959г. Во соопштението се изразува надеж дека СПЦ братољубиво ќе го решава и ќе го реши конечниот канонски статус, по што треба да следи сеправославна согласност и прифаќање на тој статус. Со ова се воспоставува целосно литургиското и канонското причестување, кое беше прекинато поради  едностраното прогласување на автокефалност на МПЦ во 1967г.

-Со воспоставување единство на канонски основи и под услови на важење на канонскиот поредок на целата територија на СПЦ, дијалогот за идниот и евентуалниот конечен статус на епархиите во Северна Македонија не само што е можен туку е и наменски, легитимен и реален.

Во дијалогот за нивниот иден и евентуален конечен канонски статус, СПЦ ќе се води само и исклучиво од еклисиолошко-канонски и црковно-пасторални принципи, критериуми и норми, не грижејќи се за „реалполитички“, „геополитички“, „црковно- политички“ и други слични факти.или за еднострани иницијативи и не се предмет на ничие влијание или притисок;

Во соопштението Синодот потенцира дека нема намера да ја условува новата сестринска црква со рестриктивни клаузули во однос на опсегот на нејзината јурисдикција во матичната земја и дијаспората. Но даваат препорака МПЦ ОА нејзиното официјално име да го реши во директен братски дијалог со Хеленските и други помесни православни цркви.

Еминентните православни теолози во светот немаат никаква дилема дека Вселенската патријаршија води исправен пат до признавање на автокефалност статус  на Охридската Архиепископија, преку процесот на апелација што МПЦ-ОА го побара пред 4 години.

Митрополит на Крит и Професор на Аристотеловиот Универзитет во Солун, ја анализира одлуката на Вселенската патријаршија како исправна и објаснува зошто се определува идната дијацеза на Охридската Архиепископија на територија на денешната држава Македонија.

Во текстот тој точно го лоцира и правото по кое Вселенскиот патријарх може и треба да одобри автокефалност на црквата во Македонија, посочувакјќи ги искуствата со сите цркви на Балканот кои својата црковна власт ја добивале или губеле во зависност од тоа како се ширеле, или стеснувале државните граници. Тоа е случај и до Грција, Албанија, Бугарија, Србија, Романија.

Следниот чекор вели тој е токму Томос за автокефалност. Тоа е процес за кој вели дека не се решава еднострано, туку е потребна согласност и од политичките власти во новата држава. Во случајот со Македонија тоа е веќе дефинирано прашање. Митрополитот  констатира дека согласно договорот од Преспа, независната држава нема политички проблеми и дека практично се исполнети сите услови.